Тешка повреда на Ансу Фати, ќе паузира минимум до Нова година!

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, се повреди на денешниот натпревар против Бетис кој Барса го доби убедливо со 5-2. Новопечениот шпански репрезентативец кој неодамна наполни 18 години, има скинат менискус во левото колено, и според проценките на лекарите, тоа значи отсуство од фудбалските терени најмалку шест недели.

Но, тоа е само оптимистичката варијанта. Ако мора да се направи операција, Фати нема игра минимум три месеци. Во секој случај, неговото отсуство е хендикеп бидејќи сезонава е во форма. Фати е втор стрелец во тимот зад Лионел Меси, па сега во следниот период ќе мора Гриезман и Дембеле да преземат поголема одговорност во нападот.

- Оглас -

Најнови вести