Во несекојдневна џокер-улога, Меси прослави јубилеј (видео)

Барселона го совлада Бетис со високи 5-2 на „Камп ноу“, меч во кој капитенот Лионел Меси чекаше шанса од клупата за резерви. Мегаѕвездата влезе на стартот од второто полувреме и ја издиригира победата на Каталонците со два погодоци, по што се покажа дека Барса не може без него.

Прво во 61-та минута Меси го реализираше пеналот, негов 100-ти од вкупно 127 обиди, за одржување на висок процент од 79% при реализација од белата точка. Дваесетина минути подоцна Меси зголеми на 4-2, со силен удар  од непосредна близина го прекина тримесечниот пост без погодок од игра.

Претходно без да ја допре топката учествуваше при вториот гол на домаќините кој го реализира Гриезман за 2-1. Педри го постави конечниот резултат на истекот од регуларните 90 минути, додека почесните погодоци за десеткуваниот Бетис беа дело на Санабрија и Лорен.

Тимот на Роналд Куман конечно триумфираше по четири лигашки средби, па сега Барса е на осмото место со 11 бода, еден помалку од денешниот противник Бетис.

- Оглас -

Најнови вести