Тешка ждрепка за Манчестер јунајтед и Арсенал, Ибрахимовиќ ќе гостува во Белград

Неколку возбудливи двојки ќе има во 16-финалето на Лигата на Европа откако денеска се одржа ждрепката за ова натпреварување во кое има силни тимови. Манчестер и лидерот на шпанската лига, Сосиедад, играа меѓу себе и во 2013/14, кога за 180 минути игра падна само еден гол.

Бенфика и Арсенал беа меѓу најефикасните тимови во групната фаза, Динамо Загреб на Аријан Адеми ќе се сретне со Краснодар, кој испадна од Лигата на шампионите, додека Наполи на Елиф Елмас за ривал ја доби Гранада.

Милан и Ѕвезда имаат играно во минатото, Росонерите беа поуспешни, а овојпат гостувањето на Милан кај Ѕвезда ќе значи и појавување на ѕвездата Златан Ибрахимовиќ на стадионот „Рајко Митиќ“.

Двојките за 16-финалето во Лигата на Европа се: Волфсбергер – Тотенхем, Динамо Киев – Клуб Бриж, Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед, Бенфика – Арсенал, Црвена ѕвезда – Милан, Антверпен – Ренџерс, Славија Прага – Лестер, Салцбург – Вилјареал, Брага – Рома, Краснодар – Динамо Загреб, Јанг бојс – Баер Леверкузен, Молде – Хофенхајм, Гранада – Наполи, Макаби Тел Авив – Шахтар, Лил – Ајакс, Олимпијакос – ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести