Тетекс го прегази Осогово, Војводи и Комити заедно направија фешта (Видео)

Тетекс на убедлив начин го задржа второлигашкиот статус, откако во бараж дуелот против Осогово победи убедливо со 6:1. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, тетовчани уште во првите 15 минути поведоа со 2:0 и покажаа дека се подобри од тимот кој останува во трета лига и за следната сезона.

Одлична беше атмосферата на трибините каде доминираа „Војводи“ и „Комити“, кои заеднички прославија уште еден успех во баражите.

И Башкими без многу проблеми се радуваше, откако со 3:0 го победи Влазрими, додека најнеизвесно беше на дуелот Новаци и Вардар Неготино. Новаци водеше со 1:0, а Вардар Неготино израмни со погодок во 89 минута, па мораа да се шутираат пенали, каде поуспешен беше тимот на Неготино и победи со 3:2 за пласман во Втора лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести