Фали Рамадани и Хосе Анхел Санчес, директорот на Реал Мадрид за спортски операции имале средба во Валдебебас, а се претпоставува дека се разговарало за трансфер на Лука Јовиќ во кралскиот клуб.
Младиот српски напаѓач е хит во Бундеслигата, игра импресивно за Ајнтрахт, а е клиент на агенцијата „Лиан спортс“ чиј сопственик е Рамадани.
Тој е еден од најпознатите менаџери во Европа, родум е од Тетово, а застапува играчи од калибарот на Јовиќ, Миралем Пјаниќ, Калиду Кулибали, Анте Ребиќ и дузина други познати фудбалери, кои ќе бидат во фокусот во летниот трансфер период што следи.
За Јовиќ се интересира и Барселона, а „Марка“ објавува дека средбата меѓу Санчес и Рамадани веројатно значи дека и Реал се вклучува во трката за 21-годишниот бисер на српскиот фудбал и моментно член на Ајнтрахт Франкфурт.