Линѕи Вон ја доби битката со своето ново момче во домашни услови, кога владее пандемијата со Коронавирус, а некогаш најдобриот дефанзивец во НХЛ Лигата, Пи-Кеј Субан, беше декласиран од една од најдобрите скијачки на сите времиња.
Субан кој тежи 72 милиони долари според договорот што го потпиша со Монтреал канедиенс, се загреваше во хокеарски стил, се додека на него не налета Вон и тоа со правосмукалка.
https://twitter.com/NHL/status/1256026906480259074?s=20
Пи-Кеј заврши на подот, а неговата девојка и четирикратна победничка во Светскиот куп во скијање поентираше на импровизираниот гол.
Вон се прости од скијањето и е една од најтрофејните на сите времиња, а Субан, кој ја има титулата најдобар дефанзивец во 2013 година, моментно е хокеар на Њу Џерси девилс и очекува кам-бек на мразот, ако продолжи сезоната во НХЛ лигата.