Горица го шокираше Хајдук со 1-0 во дуел од хрватската лига на кој гостите од Сплит беа големи фаворити бидејќи е кандидат за титула за разлика од Горица која е во долниот дел на табелата и се бори за опстанок.
Александар Трајковски влезе во игра во 77-ма минута кога неговиот тим веќе беше во резултатска негатива. Во 94-та минута Хајдук можеше да избегне пораз, но Марко Ливаја не реализираше пенал.
Вчера Динамо Загреб одигра само 1-1 со Славен Белупо, па затоа денешниот пораз на Хајдук е двојно поболен, бидејќи наместо да му побегнат на ривалот во трката за титула, Модрите дури и стопија еден бод негатива зад Белите. Утре Риека гостува кај Шибеник и ако победи, ќе се израмни со Хајдук на врвот.