Тежок пораз на Пандев и Џенова во Рим, Нестор одигра цел меч во минималецот против Болоња

Лацио запиша убедлива победа над Џенова од 4-0 на „Олимпико“, а нивниот ексиграч Горан Пандев немаше топол пречек на стадионот во Рим каде што настапуваше долго време. Избраниците на Симоне Инзаги голем дел од работата завршија во првите 45 минути со головите на Милинковиќ – Савиќ и Раду, додека уште два гола постигнаа по влегувањето на Пандев во второто полувреме.

Нашата легенда одигра 45 минути, а тешкиот пораз му го нанесоа Каиседо и Имобиле во остатокот од средбата.

Сосема спротивна беше ситуацијата за Илија Несторовски. Македонскиот голгетер за првпат сезонава беше стартер за Удинезе, а неговиот тим со минимални 1-0 ја совлада Болоња, преку погодокот на Окака во 27-та минута.

Минимално славеше и Рома на гостувањето кај Лече, благодарение на нивната ѕвезда Един Џеко.

- Оглас -

Најнови вести