ТФТ Скопје го победи Златибор на гости и ќе игра во полуфиналето на плејофот во АБА 2

Екипата на ТФТ се пласира во полуфиналето на плејофот во АБА 2 лигата откако на гостински терен го победи Златибор Чајетина со 90:80. Со овој триумф ТФТ со 2:1 во победи го елиминира фаворизираниот српски тим, па сега во полуфиналето ќе игра против Сутјеска.

Фуриозно започна ТФТ уште од самиот почеток на мечот, па по првата четвртина имаше убедлива предност од 13 разлика (28:15). Во втората четвртина тимот на Златибор заигра подобро, па успеа да стигне и до реми 34:34, а првпат домаќините поведоа во третата четвртина, и тоа со 40:39. По три четвртини Златибор имаше предност од 59:57, што беше најава на неизвесни последни 10 минути.

Кога беше најпотребно, кошаркарите на ТФТ заиграа најдобро. Златибор водеше со 67:66, но скопјани заиграа одлично и со серија од 10:2 стигнаа до водство од 76:69, а потоа до крајот на средбата со смирена игра ја сочуваа предноста, а до крајот стигнаа и до убедлива победа од 10 разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести