Тие го бркаат, а тој ги спасува: Ракитиќ ја држи Барса во игра за титулата (видео)

Минималната победа од 1-0 против Атлетик Билбао е доволна за Барселона повторно да се најде на челната позиција на табелата во Ла Лига, барем до утре. Каталонците на сила стигнаа до трите бода, кои ги обезбеди Иван Ракитиќ со погодокот во 71-вата минута. Иако шпанскиот првак се обидува да се ослободи од Ракитиќ, тој се најде во улога на спасител на екипата во важен момент.

На Хрватот му беа потребни седум минути по влегувањето во игра да го совлада голманот на Баскијците, а ова му е прв гол сезонава, односно по пауза од 15 месеци, конечно успеа да затресе мрежа. Ракитиќ последен пат се радуваше на гол во март минатата година, кога Барса со неговиот погодок за конечни 1-0 славеше во Ел Класико против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Барселона ќе преноќи на првото место со 68 бода, три повеќе од Реал, додека за Билбао ова е прв пораз по рестартирањето на сезоната.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1275542741749911553

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести