Тифозите на Ајнтрахт не дојдоа – Пораката е: Не за натпревари во понеделник

Тифозите на Ајнтрахт Франкфурт одлучија да го бојкотираат натпреварот на нивните миленици против Унион Берлин што вечерва се игра на „Комерцбанк арената“.

Делот на трибината на кој постојано се најверните симпатизери на Ајнтрахт вечерва е комплетно празен, а има само една парола со порака: Не за натпревари во понеделник.

Ова е тренд кај навивачите на германските клубови кои не сакаат да се играат мечеви од Бундеслигата во првиот ден од новата седмица.

Слични пораки имаше на неколку прволигашки, но и второлигашки мечеви во Германија.

По првото полувреме на дуелот меѓу Ајнтрах и Унион Берлин нема голови.

- Оглас -

Најнови вести