Тијаго и Матип не патуваат за Амстердам

Тијаго Алкантара и Жоел Матип го пропуштија денешниот тренинг на Ливерпул пред екипата да отпатува за Амстердам, каде што утре ќе ги одмери силите со Ајакс во првото коло од Лигата на шампионите.

Јирген Клоп нема да смета на двајцата клучни дефанзивци, Ван Дајк ќе ја пропушти цела сезона, додека Матип заработи ситна повреда против Евертон и утре нема да настапи на „Јохан Кројф арената“. Речиси сигурно беше дека и Тијаго нема да биде со екипата на гостувањето кај Копјаниците, па Црвените десеткувани ќе ги бркаат првите бодови во најелитното меѓународно натпреварување.

Ќе се види дали Клоп ќе комбинира со составот со Џо Гомес и Фабињо во одбраната или пак ќе му даде шанса на еден од младите Сеп сан ден Берг или пак Натејниел Филипс.

- Оглас -

Најнови вести