Тијаго не планира да продолжи со Баерн, желба му е да игра за Ливерпул

Тијаго Алкантара веќе со години е клучен играч на Баерн Минхен, меѓутоа шпанскиот репрезентативец е во потрага по нов предизвик. Германските медиуми јавуваат дека Тијаго не сака да ја продолжи соработката со Баварците и побарал да замине од „Алијанц арената“ во најскоро време.

Наводно, желба му е да го облече дресот на Ливерпул, пренесува добро информираниот новинар на „Билд“, Кристијан Фалк. Со оглед на тоа дека има 29 години, ова му е последна шанса да оствари преселба во клуб од светски размери и притоа да добие богат договор.

Останува да се види дали Ливерпул ќе тргне по неговиот потпис,ж бидејќи Клоп претходно најави дека Црвените нема да прават трансфери со астрономски суми со оглед на финансиската ситуација во клубот по пандемијата со корона-вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести