Тиквеш и со играч помалку го победи Вардар, драма во Кратово за радост на Силекс против Шкендија

Вардар го претрпе и четвртиот пораз сезонава откако загуби на гости во Кавадарци од Тиквеш со 1:0. Во првото полувреме немаше погодоци, но имаше дури седум жолти картони (четири за Тиквеш и три за Вардар). На почетокот од вториот дел, Тиквеш остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Даниел Карчески. Иако бројчано инфериорни, домаќините беа агресивни и напаѓаа.

Најинтересен беше периодот од 70 до 76 минута. По ударот на Миле Тодоров домаќините прво ја погодија стативата, а две минути подоцна Едиз Спахиу ја погоди пречката. Во 74 минута Вардар можеше да поведе, но Дејан Цветаковски ја погоди пречката.

По трите удари во рамките од голот во само пет минути, следуваше и погодок. Спахиу прифати една топка на 25 метри, добро се намести и од далечина шутираше силно и прецизно, а Филип Гачевски не можеше да одбрани. Откако Тиквеш даде гол за водство, домаќините добро се одбранија и да на крајот стигнаа до значајни бодови со кои се искачија во горниот дел од табелата.

Во првенството веќе нема непоразена екипа, откако Шкендија капитулираше на гости кај Силекс и загуби со 2:1. Кратовци промашија пенал во првиот дел, но затоа се израдуваа на погодок во 58 минута. Во судиското надополнување следуваше драма.

Шкендија со гол во 90+1 мминута израмни на 1:1, но само што тргнаа фудбалерите на Силекс од центарот, повторно ја вратија предноста, кога погодија за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Резултати: Брегалница – Струга ТЛ 1:3, Македонија ЃП – Гостивар 2:0, Работнички – Воска 2:0, Силекс – Шкендија 1:0, Тиквеш – Вардар 1:0.

- Оглас -

Најнови вести