Лајпциг го уништи Мајнц со 8-0, а најдобар поединец на средбата беше Тимо Вернер, кој направи нешто што не е видено во Бундеслигата во последните барем 20-тина сезони. Вернер на ист натпревар даде три гола и имаше три асистенции.
Слично постигнување имаше Клаудио Пизаро во 2013 година, кога во дресот на Баерн на дуел против Хамбургер даде четири гола и додаде две асистенции. Но, три асистенции на меч од страна на истиот играч на средбата постигнал и три гола, не е видено одамна во Германија, а можеби и во Топ 5 лигите во Европа.