Тимот на македонскиот репрезентативец со најубедлива победа во Бундеслигата

Штутгарт одигра спектакуларен меч и со убедливо 5:1 го победи Гројтер Фурт во меч од првото коло на Бундеслигата. Популарните Шваби со оваа победа сега се на чело на табелата, затоа што ниту еден друг тим не победи со поубедлив резултат.

Половина час гостите успеаа да се одбранат, а потоа почна гол шоуто на Штутгарт. До полувремето, домаќините дадоа два гола, а во вториот дел фановите на Штутгарт се израдуваа на уште три погодоци. Домашниот тренер Пелегрино Матарацо направи четири измени, но во игра не го внесе македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој остана на клупата за резерви.

Убедлив на гостински терен беше Хофенхајм кој со 4:0 победи на теренот на Аугсбург. Гостите поведоа во првото полувреме со 1:0, а во последните 15 минути дадоа уште три погодоци за комплетирање на сигурната победа.

Баер Леверкузен освои само еден бод на гости кај Унион Берлин, додека Волфсбург минимално со 1:0 славеше над Бохум. Без голови заврши дуелот Арменија Билефелд и Фрајбург. Од 18:30 часот ќе играат Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести