Тинејџер се самоубил затоа што го загубил местото во академијата на Манчестер сити!?

Поранешниот јуниор во Манчестер сити, Џереми Вистен изненадно починал на само 18 години, јавуваат англиските медиуми. Официјално не се знае причината за смртта, но на социјалните мрежи кружат шпекулации дека Џереми самиот си го одземал животот и тоа поради тоа што го загубил местото во младинската академија на Граѓаните. Оваа информација не ја потврдуваат ниту од неговото семејство, ниту од клубот.

Вистен како 13-годишно момче дошол во Манчестер сити и првично бил еден од најнадежните фудбалери во академијата. Сепак, по неколку години, тренерите процениле дека неговиот развој и потенцијалн не е на потребното ниво и не му бил понуден договор, па тинејџерот морал да си замине од клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести