Типстер купот на Даниел му донесе најголема добивка во животот од 100.000 денари

Даниел Радески е победник на февруарската етапа на Типстер купот на Sport Life, откако на драматичен начин успеа во финишот на месецот да го заземе првото место и да освои 100.000 денари.

Даниел уплаќал тикети на повеќе уплатни места во Тетово, и со 117.874,9 бодови, беше шампион во минатиот месец, со што ги заслужи 100-те илјадарки. И второто место во февруари му припадна на прогнозер со името Даниел, кумановец кој имаше 117.424,5 поени и си заработи 50.000 денари, а трети беше Петар од Битола со 116.893,8 типстер бодови, доволно за освојување на 25.000 денари од Sport Life.

„Типстер купот почнав да го играм во ноември минатата година и првиот месец завршив четврти на генералната листа. Видов дека ми оди, во декември и јануари на два пати бев втор и освоив по 50.000 денари, и еве конечно ми се насмевна среќата го освоив првото место“ – вели Даниел.

На 26-ти февруари, тој беше на второ место, а пресвртот му го донел тикетот од последниот ден во месецот.

МОЖЕЛ ДА ОСВОИ 163.000, НО КИКСОТ НА БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН ПРОТИВ ФРАЈБУРГ БИЛ КОБЕН 

„Тој тикет ми донесе 2.600 поени и прво место на Типстер купот. Доколку победеше Баер Леверкузен против Фрајбург, ќе добиев уште 163.000 денари“ – раскажува победникот за февруари.

И овие 100.000 денари од Типстер купот не се за потценување, тоа му е најголема добивка досега во Sport Life.

„Ова ми е до сега најголема добивка во Sport Life, а како што кажав, најблиску до рекордна добивка ми беше тикетот од 28 февруари кога ми побегнаа 163 илјади со само еден промашен натпревар. Најчесто играм на фудбалски натпревари. Омилена игра ми е Х-1, која ја играм често“ – ни кажа Даниел.

Даниел не е многу пребирлив околу лигите, нема некоја посебно омилена лига за типување, игра само натпревари за кои смета дека се интересни, без разлика од која лига се.

„Ги играм сите лиги кога ќе мислам за некој меч дека е интересен, а навивам за фудбалскиот клуб Црвена Звезда кој исто така понекогаш го ставам на тикет“ – открива Даниел.

Во тек е мартовската етапа од Типстер купот, не е доцна да се вклучите во играта која е интересна со многу стратегија и одлична голема конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести