Типувачите му даваат предност на Јунајтед, но Ливерпул речиси нема шанси на „Олд Трафорд“

Премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е во фокусот на тековното коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.

Дуелот на „Олд Трафорд“ е најинтересниот од понудените 13 меча, а типувачите поголеми шанси за победа им даваат на „црвените ѓаволи“. Преку 46% од играчите на Спортската прогноза очекуваат победа на Манчестер јунајтед, а 22% веруваат во Ливерпул. Останатите 32% веруваат во реми помеѓу големите ривали.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести