Типувањето за новото коло од Спортската прогноза на Sport Life започна пред само 24 часа, но веќе се наѕираат фаворитите за викендов. Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија воопшто не му веруваат на Манчестер јунајтед, па дури 70% од нив очекуваат победа на Арсенал во премиерлигашкото дерби.
Триумф на Црвените ѓаволи очекуваат само 14% од играчите на Спортската прогноза.
Интересни се процентите и за мечот на Јувентус и Наполи. Дури 41% од оние кои ги пополниле своите типови очекуваат триумф на Старата дама, 43% се надеваат на реми, а само 16% веруваат во победа на Наполи и нашиот Елиф Елмас.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


