Типувајте дека Челзи денеска ќе го помине Лестер на табелата

Ливерпул е клубот кој најдоминантно успеа да стигне до титулата во Премиер лигата, но тоа не значи дека нема возбудливи дуели во англиското првенство. До крајот на првенството остануваат уште пет кола, а најинтересна ќе биде борбата за третото и четвртото место на табелата, позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Лестер и Челзи моментно се на посакуваните места, но Манчестер јунајтед, Вулверхемптон, па и Арсенал се борат за излез во елитното натпреварување на УЕФА. Вечерва во Лондон има дерби меѓу Арсенал и Лестер, а ова може да биде последна надеж за Топчиите да останат во трка за ЛШ. Лестер моментно има девет бода пред денешниот ривал, но со евентуална победа на лондонскиот тим, разликата ќе се намали на шест бода и неизвесноста ќе продолжи.

Арсенал влезе во добар ритам и има три победи по ред. Лондончани на свој терен сезонава се сигурни и во 16 дуели загубиле само трипати, факт кој не влева надеж дека Лестер може да стигне до трите бода. Во последните шест меѓусебни средби, билансот е целосно израмнет и двата тима се радувале по трипати, а тоа секогаш бил домаќинот. Ако се продолжи оваа традиција и фактот дека Арсенал е во одлична форма, Лестер едноставно не може да победи на ова гостување.

Евентуалниот кикс кој Лестер треба да го направи во дербито може да го искористи Челзи. Тимот на Роман Абрамович гостува кај Кристал палас, екипа која нема шанси да испадне, но е и без шанси за излез во Европа. За разлика од домаќините, влогот на Челзи е многу голем, па гостите сигурно ќе бидат многу помотивирани да стигнат до трите бода.

Доколку Челзи очекувано победи кај Кристал палас (коефициентот 1.45), а Лестер не слави во Лоднон кај Арсенал, односно биде 1Х со коефициент 1.38, тогаш ќе има и смена на позициите на табелата. Челзи ќе избие на третото место, а Лестер ќе падне четврти.

Ова е само еден дел од денешните комбинации на два меча во Премиер лигата, а до крајот на шампионатот сигурно ќе има уште многу математики. Сите ваши калкулации и можни предвидувања може добро да ги наплатите со уплатен добитен тикет во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести