Типувајте на бесплатната Спортска прогноза, многумина веќе го сторија тоа

Во 16 часот, со натпреварот Мидлсброу – Дерби каунти, стартува 18-тото коло на Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life, и тоа е крајниот термин до кој можете да ги ставате вашите прогнози.

Ова е прво коло во новата година и ако сакате 2020 да ви тргне на добро, не ја испуштајте шансата да бидете во конкуренција за добивање на некоја од наградите.

Од денешните мечеви кои се на понудата, најголемо внимание привлекува дуелот на англиските ривали Тотенхем и Ливерпул, а интересно ќе биде и во Рим, каде за бодови ќе се борат Лацио и Наполи. Историско дерби се игра и во Франција, Бордо го пречекува Лион.

Според процентите на оние прогнозери кои веќе го искористија правото да типуваат, Ливерпул е фаворит, 49 проценти сметаат дека ќе биде двојка во Лондон, но една третина се за реми. Во победа на разиграниот Лацио веруваат 58 отсто од тие што прогнозирале, додека најголеми шанси (53,2 проценти) за нерешен исход се даваат на француската пресметка помеѓу Анже и Ница.

Меѓу 13-те меча кои доколку ги погодите ќе ви донесат мобилен телефон IPhoneXS, нема ниту еден од понеделник, што значи дека веќе утревечер ќе се знае дали има добитници на некоја награда. Како за крај, утре е уште едно италијанско дерби, Рома – Јувентус. Две третини од прогнозерите сметаат дека ќе слави Јуве. Утре има и велшко дерби Кардиф – Свонси, а „најчист“ кец треба да биде на холандскиот меч НЕЦ Најмеген – Ден Бош. Дури 90 проценти од прогнозерите типувале победа на домашните.

Со еден или два утнати пара, може да се добијат вредносни ваучери во Sport Life од по 1.000 односно 500 денари.

Немојте да го пропуштите ова коло, бидејќи константноста е секогаш важна за Генералниот пласман. Почнете ја успешно 2020 година.


- Оглас -

Најнови вести