Типувајте победи на Коринтијанс и Интернасионал, а ќе има голови во Монтреал и Портланд

Коринтијанс – Индепендиенте дел Вале (02:30ч – Копа Судамерикана, полуфинале – прв натпревар)

Коринтијанс има шанса уште во првиот меч да заврши голем дел од работата за да се најде во финалето на Судамерикана. Како фаворити на хартија, бразилските фудбалери треба да одиграат на потребното ниво против гостите од Еквадор, иако не се во посакувана форма во пресрет на овој дуел.

Екипата на Индепендиенте досега немала прилика да ги одмери силите со Коринтијанс, а во Сао Пауло доаѓаат разочарани по поразот во последното коло од еквадорското првенство, кој го претрпеа на домашен терен против Макара. Коринтијанс, пак, се мачи во бразилската Серија А, во последните четири кола освоија само пет бода, а дополнителен проблем им е лошиот учинок.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

Интернасионал – Атлетико ПР (02:30ч – Куп на Бразил, финале – втор натпревар)

Резултатот од 1-0 во корист на Атлетико по првиот дуел остави многу простор и за двете екипи. Еден погодок никако не може да биде доволен во финален двомеч, а Интернасионал со помош на домашната поддршка ќе сака што побрзо да го врати ова финале во егал. Токму поразот од Атлетико во првиот меч им ја прекина низата на фудбалерите на Интернасионал од три победи, додека вечерашните гости беа надиграни од Аваи во последното коло од бразилската Серија А.

Иако Атлетико доби три од последните пет меѓусебни пресметки со Интернасионал, во Порто Алегре немаат остварено триумф од далечната 1998 година, па можеби традицијата повторно да биде против нив.

Предлог тип: 1X & 2-3 (2.25)

 

Монтреал импакт – Торонто (01:30ч – Шампионат на Канада, финале – прв натпревар)

Монтреал се наоѓа пред тежок предизвик, но фактот што по пет години повторно имаат прилика да бидат шампиони на Канада треба да биде доволен мотив против фаворитот од Торонто. Актуелниот првак, сепак, има намера да ја продолжи доминацијата и во четвртата година по ред и да докаже дека нема подобар тим во Канада.

Домаќините не се во посакувана форма во пресрет на овој меч. Само еден триумф во последните пет меча, меѓу кои претрпеа три порази, ни дава на знаење дека се доста ранливи. Торонто, пак, е во серија од девет меча без негативен резултат, а во нивна полза одат и меѓусебните пресметки, во кои славеа во три од последните четири меча против Монтреал. Треба да се знае дека често овие две екипи знаат да одиграат натпревар во кој има повеќе од два гола.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.45)

 

Портланд тимберс – Њујорк ред булс (04:30ч – МЛС-лига)

Двете екипи се во слична позиција, потребни им се победи до крајот на регуларната сезона за да ги осигурат местата во разигрувањата. Портланд е точно на граница на табелата, имаат еднаков број бодови со Далас (43), но веќе со евентуален триумф ноќеска, ќе може да напредува во Западната конференција.

Црвените бикови, пак, се на шестото место на Истокот, а си направија големи проблеми со трите последователни порази. Овој меч ќе биде вкупно 12-ти меѓусебен на Портланд и Њујорк. Ред булс имаат подобар учинок со 4-3, додека во четири средби немало победник. Во последните три нивни меча, редовно имало четири или повеќе погодоци, па нека биде така и ноќеска.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.20)

- Оглас -

Најнови вести