Тите е „Капетан Америка“, тревата на Маракана е скратена, Бразил напаѓа од сите страни

Репрезентацијата на Бразил е голем фаворит во пресрет на дуелот со Перу во вечерашното финале на Копа Америка на славната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, а аналитичарите сметаат дека неколку клучни фактори може да пресудат во полза на „кариоките“.

Едниот е селекторот на Бразил, Тите. Тој како клупски тренер има освоено Копа Либертадорес (паднан на европската Лига на шампиони), Судамерикана (како Лига Европа кај нас), и Рекопа (суперкуп), а сега како предводник на националниот тим ако успее да освои и Копа Америка, ќе ја комплетира колекцијата од најважни трофеи во јужно-американскиот фудбал. Доколку Бразилците го победат Перу, Тите речиси сигурно останува селектор до Светското првенство во 2022 година.

Организаторите на Копа објавија дека утрово тревата на Маракана е потскратена на 23 милиметри, а линиите се обележани со нов слој на боја, за подобро да се гледаат. Бразилците се подготвуваат за затворањето и за фешта после триумфот, но Перу покажа дека може да биде многу опасен ако го отпишат предвреме.

Целта на Перу е да го повтори подвигот на Уругвај од далечната 1950 година кога на Маракана стана светски првак, победувајќи го Бразил пред 200 илјади луѓе.

Но, на гостите ќе им биде многу тешко. Ако на Мундијалот во Русија најмногу напади на Бразил (43 проценти) одеа по левата страна на која беа Марсело и Нејмар, сега тимот напаѓа од повеќе оружја (37 проценти од десно, 34 од лево и 30 преку средината) и затоа се понезгодни. Намален е бројот на шутеви кои Бразил ги упатува кон противниците, но зголемен е бројот на дриблинзи и додавања, а многу ретко примаат гол.

НАЈАВЕНИ ПОЧЕТНИ СОСТАВИ

Бразил во финалето ќе тргне со: Алисон, Дани Алвеш, Маркињос, Тијаго Силва, Алекс Сандро, Касемиро, Артур, Кутињо, Евертон, Габриел Жезус и Фирмино. На листата на повредени е Вилијан.

Почетните 11 на Перу ќе бидат: Галесе, Адвинкула, Самбрано, Абрам, Трауко, Тапија, Јотун, Карилјо, Куева, Флорес и Гереро. Поради повреда нема да игра Фарфан.

- Оглас -

Најнови вести