Поранешниот бразилски селектор, Тите, кој последен пат на клупата на Кариоките седеше во четвртфиналето на СП во Катар, бил ограбен за време на вообичаена утринска прошетка.
Крадецот прво му упатил серија навреди на Тите за начинот на кој ја водел репрезентацијата, а потоа му го одземал златниот ланец.
Грабежот среде бел ден е кулминација на тешкиот период на Тите во последните две години. Тој минатата година, со Бразил загуби од Аргентина во финалето на Копа Америка, а пред десетина дена беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на СП.
За работите да бидат полоши за Тите, вечниот ривал на Кариоките, Аргентина, стана светски шампион, што дополнително ги налути Бразилците.
Тите на клупата на Бразил седна во 2016 година и репрезентацијата ја водеше на 81 натпревар и притоа оствари 61 победа, 12 нерешени резултати и седум порази, но ги загуби сите најважни натпревари и не освои ниту еден трофеј.