Титулата ќе се одлучува во последното коло – Ливерпул ќе се „моли“ во Стиви Џи и Астон Вила (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Саутемптон со 2:1 и со тоа дојде до 89-от бод, односно на еден помалку од Манчестер сити, на коло до крајот.

Натан Редмонд во 13-та минута донесе водство за домаќините, додека израмнувањето дојде преку Јапонецот Такуми Минамино, со што на пауза се замина со 1:1.

Победоносниот гол за „црвените“ дојде исто така од играч кој што ретко постигнува голови, а тоа е дефанзивецот Џоел Матип.

Тој во 67-та минута, постигна еден навистина чуден гол со глава, иако нè е јасно дали играчот на Ливерпул или дефанзивецот на Сотон ја удри топката.

Сега, за Ливерпул да дојде до титулата во Премиер лигата, мора да се надеваат на нивната клупска легенда, Стивен Џерард со Астон Вила да не загубат на гостувањето кај Манчестер сити, иако тоа ќе биде пеколно тешко.

Ливерпул исто така ќе има незгоден противник на домашен терен а тоа е екипата на Вулверхемптон. Сите натпревари од последното, 38 коло во Премиер лигата се играат во недела од 17 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести