Тивкиот кошаркарски џин освои една третина од пехарите во последните 27 години, му фали само уште еден за десетка (Фото+Видео)

Голден стејт вориорс повторно е шампион на НБА-лигата по клучната победа од 103:90 против Бостон селтикс за вкупни 4:2 во финалето, а во ноќ за рекорди се радува и тренерот на Воините, Стив Кер.

Тивкиот кошаркарски џин има неверојатен биланс во последните 27 години и освои една третина од шампионските пехари во овој период, односно 9, пет како играч и четири како тренер.

Кер има три пехари како играч на Чикаго булс во ерата на Мајкл Џордан, од 1996 до 1998 година, двапати беше првак со Сан Антонио спарс, во 1999 и во 2003 година, а како тренер на Голден стејт освојуваше прстени во 2015, 2017, 2018 и сега во 2022 година.

Му фали само уште еден за десетка, односно за секој прст на двете раце.

Четворица кошаркари од оваа генерација на Голден стејт вориорс имаат по 4 титули, а Стефон Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Андре Игудала се израмнија со Леброн Џејмс како најтрофејни активни играчи во НБА-лигата.

Воините сега се сами на третото место на вечната листа со 7 шампионски круни во НБА, зад тандемот гиганти, Бостон селтикс и Лос Анџелес лејкерс со по 17 титули.

- Оглас -

Најнови вести