Кошаркарска Династија – Голден стејт пак е шампион, Стефон Кари е МВП и блеска во друштво со легендите (Видео)

Голден стејт вориорс повторно е шампион на НБА лигата по победата од 103:90 во шестиот меч од финалето против Бостон селтикс, а брилијантниот Стефон Кари ја доби наградата за најкорисен играч во плејофот.

За популарните Воини, кои славеа со 4:2 во финалната серија, ова е вкупно седма титула во НБА и четврта во последните 7 години.

Стефон Кари повторно покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и со учинок од 34 поени и по 7 скока и асистенции го предводеше својот тим до нов пехар, четврти од 2015 година на оваа генерација на Голден стејт вориорс.

Бекот на Воините со 4 титули и две признанија МВП во финалето им се приклучи само на уште шестмина кошаркари со учинок 4+2.

Клучна за победата на Голден стејт во Бостон ноќеска беше серијата од 21:0 на крајот од првиот период и почетокот на вториот, кога негативата од 22:16 ја свртеа во позитива од 37:22.

Кари на претходниот меч не погоди ниту една тројка, па имаше и сеир на негова сметка од навивачите на Бостон, но кога беше најпотребно, беше во препознатлив елемент и во завршниот меч погоди 6 од 11 удари за три поени.

Во финалето блескаше и Ендрју Вигинс, кој потполно го сопре главниот адут на Бостон, Џејсон Тејтум, а беше одличен и во офанзивата со 18 поени, шест скока и пет асистенции.

Голден стејт со новата титула се одлепи од Чикаго булс и сега е третата најтрофејна екипа во историјата на НБА-лигата зад Бостон и Лос Анџелес лејкерс, кои имаат по 17 пехари.

https://twitter.com/NBA/status/1537651896348966912?s=20&t=sc0iWsFrtszofnnLhew-rw

Џејсон Браун со 34 поени и Ал Хорфорд со 19 коша и 14 скока беа најдобри поединци кај поразениот тим, кој има пет неуспеси во финалињата во НБА-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести