Тјери Анри пред 16 години, па Гранит Џака вечерва (Видео)

Гранит Џака постигна прекрасен гол за водство на Арсенал против Челзи од 2-0 во лондонското дерби, и стана првиот играч на Топчиите по Тјери Анри од декември 2004 година, кој постигнал гол од слободен удар против Сините.

Арсенал дојде во водство од пенал кој го реализираше Лаказет (прв пенал за Арсенал против Челзи на лигашки меч од мај 2007 наваму), а погодокот на Џака го удвои водството. За Швајцарецот, ова е прв гол сезонава, а погодокот ќе биде веројатно најубав во ова коло во Премиерлигата.

https://twitter.com/i/status/1342896811447517184

- Оглас -

Најнови вести