Тоа е Истанбул: Огномет во 15 до 4 ги разбуди Каталонците од спиење (Видео)

Експедицијата на фудбалскиот клуб Барселона пред вечерашното гостување кај Галатасарај е сместена во луксузен хотел во Истанбул, но синоќа Каталонците не си поминаа баш пријатно и не им беше дозволено да спијат мирно.

Рано утрово, во 3.45 часот, фановите на Галата со огномети пред хотел се обидоа да ги разбудат од спиење фудбалерите на Барса, со тоа и да ги остават заморени пред вечерашниот меч. Дали ова „бомбардирање“ ќе има ефект, ќе се види вечерва.

Првиот меч на „Камп ноу“ заврши 0-0, па турските навивачи кои се 12-ти играч на Галатасарај, веруваат дека може да помогнат со тоа што на гостите ќе им приредат пеколна атмосфера.

- Оглас -

Најнови вести