Фил Џагиелка со 322 натпревари во дресот на Евертон во периодот од 2007 до 2019 година, е една од најголемите легенди на Карамелите, но неговиот син Зак, кој има 13 години, од вчера се придружи на академијата на лутиот ривал на Евертон, Ливерпул.
Дефанзивецот Џагиелка беше и капитен на Евертон, но неговиот син го одбра Ливерпул како клуб во кој сака да тренира и напредува. Малиот Зак бил голем талент, воодушевил во тренинг центарот на Ливерпул и веднаш ќе му се приклучи на У-14 тимот на Црвените.