Тој што ќе го земе во НФЛ, ќе се усреќи – има 165 кила, а побрз е од Том Брејди (Видео)

Меки Бектон е 20-годишно момче на кое му се најавува блескава кариера во НФЛ-лигата во американски фудбал бидејќи ги има физичките предиспозиции. Меки, кој студира на Универзитетот Луизвил, е висок 201 сантиметар и има дури 165 килограми, но 40 јарди може да истрча за 5,1 секунди, а тоа е побрзо од можностите на големиот Том Брејди кога како млад се подготвуваше за драфтот.

Драфтот во НФЛ ќе се одржи од 23 до 25 април во Лас Вегас, а Бектон импресионираше на тестирањата на кои се проверува како трчаат, скокаат и колку може да кренат. Ниту еден друг играч во историјата со над 160 килограми, не трчал толку брзо.

Направена е споредба на трчањето на Бектон и Брејди:

- Оглас -

Најнови вести