Толисо е стрелец на првиот гол на новиот фудбалски дом на Албанија

Франција го повтрди првото место во квалификациската група за пласман на ЕП 2020 откако во последниот меч со 2:0 славеше против Албанија во Тирана. Мечот беше посебен за домаќините бидејќи за првпат заиграа на новиот национален стадион.

Модерниот стадион има капацитет од 22.000 седишта, а изградбата чинеше 50 милиони евра. Иако домаќините беа посебно мотивирани, Франција не дозволи изненадување. Играчот за врска Толисо ќе биде запишан како стрелец на првиот гол на новиот стадион во Тирана.

https://youtu.be/AXmxWC8ICf0

Победата на гостите ја потврди Гризман со погодок во 30-тата минута, а во продолжение мрежите мируваа.

Од оваа група, покрај Франција, на ЕП 2020 ќе игра и Турција, која не дозволи изненадување и на гости со 2:0 ја победи Андора. Триумф на гости забележа и Исланд против Молдавија со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести