Офанзивецот на Ванкувeр, Томас Милер, се пошегува со можноста за евентуално враќање во репрезентацијата на Германија.
Германецот ја заврши кариерата во националниот тим по ЕВРО 2024.
„Мене ми се допаѓаат теоретски сценарија. Сè уште ги носам фудбалските копачки! Ако не играме во длабока одбрана со брзи транзиции, туку наместо тоа го притискаме противникот и го опкружуваме, тогаш дефинитивно нешто е можно, барем на тренинзи одвреме-навреме“, изјави 36-годишниот Милер за токшоуто на „Магента ТВ“.
На прашањето какви се шансите во проценти, Милер кратко одговори: „Нула!“

