Томас Тухел доби јасна порака од навивачите пред денешниот тренинг на Баерн (Фото)

Баерн Минхен иако ја има најјаката екипа во Бундес лигата, на добар пат е да остане без титулата после 11 последователни трофеи. За тоа најзаслужен е Баер Леверкузен предводен од Чаби Алонсо, но за навивачите на „баварците“ јасно е кој е виновникот.

На паркингот на тренинг комплексот на Баерн Минхен утрово осамна порака „Тухел оди си“, што јасно говори кој е виновникот според навивачите.

Сепак, раководството на клубот нема намера да го отпушти Томас Тухел.

– „Неговата функција не е загрозена. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и сега мора да гледаме напред. Заслужено бевме поразени, но нема да се откажеме од титулата.“ – вели Јан-Кристијан Дресен, директорот на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести