Тони Симиќ е нов тренер на еден македонски прволигаш

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија и еден од најтрофејните играчи кај нас, а од пред некоја година и тренер, Тони Симиќ, од денеска е нов тренер на Навико Академија ФМП.

Симиќ тренерската кариера во првата лига ја започна во Работнички, а сега го презема клубот кој сезонава има 3 победи по 11 кола.

„Благодарност до управата на клубот за укажаната доверба да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе“, изјави Симиќ, кој на клупата го наследува Николче Божиноски.

Божиноски останува дел од клубот и од стручниот штаб со изменета улога од досегашната.

- Оглас -

Најнови вести