Топчиите имаат уште 45 минути за да победат и да ја завршат годината како лидери во Премиер лигата (Видео)

Фулам и Арсенал одиграа 1:1 по првото полувреме во еден од двата последни меча во 2023 година во Премиер лигата.

Топчиите одлично тргнаа и поведоа на самиот старт со голот на Букајо Сака.

Но, Фулам не се предаде и благодарение на Раул Хименес во 29-та минута успеа да го израмни резултатот. Ова беше четврти гол за Хименес на последните четири натпревари за Фулам во Премиер лигата.

Во вториот меч, Тотенхем благодарение на голот на Папе Сар во деветтата минута, има водство од 1:0 по првиот дел против Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести