„Топчиите“ ќе го „бомбардираат“ Рен, Севилја ќе се вади во Прага

По два дена во кои центарот на вниманието беше кон Лигата на шампионите, денеска главни во понудата од фудбалски мечеви во Sport Life се дуелите од Лигата на Европа. Доколку верувате дека Арсенал ќе го разбие Рен и ќе го надомести минусот од 1-3, дека трофејната Севилја по нерешените 2-2 дома, во Прага ќе биде подобра од Славија и ако погодите дали понатаму ќе оди Интер или Ајнтрахт, можете да направите тикет со одлична добивка.

 

Динамо Киев – Челзи (18.55 часот)

Челзи беше убедлив дома, победи со 3-0, па може да си дозволи луксуз и да прими еден до два гола, но ќе игра отворено и веројатно и „сините“ ќе го најдат патот до голот на Украинците, со што ќе им ги уништат надежите дека може да одат понатаму. Динамо играл трипати против Челзи и има дадено само еден гол.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.50)

 

Салцбург – Наполи (18.55 часот)

Првиот дуел заврши со изненадувачки висока победа на Италијанците од 3-0, тие со една нога се во следната рунда. „Биковите“ дома, во Лигата на Европа имаат 8 победи и една нерешена на девет настапи. Тешко дека Наполи ќе ја испушти капиталната предност, има пет победи на последните шест гостувања во Лигата на Европа, па подобро да играте на голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Арсенал – Рен (21.00 часот)

Рен приреди сензација дома кога ги совлада „топчиите“ со 3-1, па сега на ред е Арсенал, кој има задача да победи со 2-0 или поубедливо. Ако ја повтори играта како во победата над Манчестер јунајтед, Арсенал ќе го елиминира Рен. Арсенал дома има 21 победа на 23 меча, а Рен игра прилично лошо на гостувањата, па гостите ги чека пекол на „Емирејтс стадионот“.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.10)

 

Интер – Ајнтрахт (21.00 часот)

Мечот во Франкфурт дојде во незгоден момент за Интер, но италијанскиот тим и таму можеше да победи, ако не утнеа пенал. Сега „нераѕурите“ се во подобро расположение, почнаа да се навикнуваат да играат без Икарди. Ајнтрахт разочара против Интер, но се врати на победничкиот пат, па не е без шанси во Милано.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Славија Прага – Севилја (21.00 часот)

И тука сите опции се во игра откако првиот дуел заврши 2-2. Тимот од Прага викендов победи со 4-0 против Острава, додека Севилја со 5-2 го надигра Реал Сосиедад. Мечевите на Севилја во март секогаш се со голови на двете страни, а и Славија има четири меча со 4+ голови на последните пет средби, па тука во најава е ефикасен меч.

Предлог тип: 4+ (2.80)

- Оглас -

Најнови вести