Топчиите одамна ја испразнија муницијата – Не помага ниту шок-терапијата со Фреди Љунберг

Арсенал е во опасна криза, што само се продлабочи со новиот пораз вечерва од Брајтон со 1:2 на домашен терен.

Фреди Љунберг, привремениот тренер и поранешна легенда на клубот, дебитираше во новата улога пред своите симпатизери и во првиот меч како кормилар на Арсенал на домашен терен не успеа да донесе пресврт.

Брајтон победи со головите на Вебстер во 36-тата минута и на Маупај во 80-тата минута. Почесниот гол за Арсенал беше дело на Александре Лаказет.

Арсенал е во серија од 9 меча без победа во сите натпреварувања, а има шест дуели без триумф во Премиер лигата и падна на 10-тото место со 19 бодови.

Брајтон сега е на 13-тата позиција со 18 бода и за првпат успеа да го победи Арсенал на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести