Топови бијат немилосрдно во Северен Лондон, Арсенал го здроби Тотенхем за едно полувреме (Видео)

Арсенал го декласира Тотенхем во првото полувреме и има предност од 3:0 во дербито на Северен Лондон. Топчиите се распукаа и за само 22 минути постигнаа три гола, повеќе од вкупниот скор на погодоци што Топчиите го имаа во првите пет кола, кога постигнаа само два гола.

Смит Роу ја најави голеадата на домаќините со прв погодок на мечот во 12. минута.

Потоа во 27. минута прецизен беше и Пјер-Емерик Обамејанг и Арсенал веќе водеше со 2:0.

https://streamwo.com/TTvENlB

Гол-шоуто на Топчиите во првиот дел го заврши Сака со трет погодок за домаќините во 34. минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести