Тортата за еден фан на Вест хем дојде во погрешен момент (Видео)

Еден навивач на Вест хем викендов прослави роденден, но не му беше баш до славење бидејќи додека мајка му ја носеше тортата, Кристал палас по прегледување на ВАР-снимка, во финишот даде гол за победа од 2-1.

Мајката одбра лош момент за носење на тортата бидејќи очите на момчето беа вперени кон телевизорот. Кога виде дека голот на Кристал палас е потврден, на славеникот не му беше до славење на роденденот ниту до роденденската песна која му ја пееја гостите во домот.

Неговата реакција го потврдува тоа. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1180569562619752449

- Оглас -

Најнови вести