Тоше Зафиров со нов резултат за почит ја прослави Македонија во бодибилдинг

Влез во финалето и освоено шестo место на Мистер Универзум ПРО во Италија е резултат со кој македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров е задоволен и претставува заокружување на серијата добри настапи само во еден месец.

Во женска конкуренција настапи неговата сопруга Габи, која освои второ место во спорт модел, четврто место во боди фитнес и бикини модел +35.

Тоше беше четврти на Мистер Европа Про и финалист на Мистер Универзум, каде што заврши на шестата позиција, што е одличен пласман со оглед на силната конкуренција и билдери од Јужна Африка, Шпанија, Италија, Англија, Словенија, Хрватска, итн.

Со завршувањето на настапите, Тоше и Габи Зафирови за еден месец пропатуваа повеќе од 10.000 километри, а дома се враќаат и со по едно злато и сребро, иако и четвртите и шестото место се големи успеси.

„Можам да бидам задоволен од самиот себе и од сопругата Габи, како и од моите две прекрасни дечиња. Благодарност до сите вас кои бевте со нас цело време и неизмерно ни дававте поддршка. Од срце и душа ви благодарам на сите, особено на мајка ми Велика и сестра ми Гордана. Секогаш достојно си ја претставуваме нашата држава. Сега следува заслужен одмор и релаксација“ – порача Тоше Зафиров.

Најдобрите секогаш одат со најдобрите, па Зафиров ја имаше поддршката и од Sport Life обложувалниците, кои секогаш знаат да препознаат шампиони каков што е Тоше.

 

- Оглас -

Најнови вести