Тотенхем едвај дочека да купува и веднаш понуди рекордна сума за Ло Селсо

Тотенхем едвај дочека да почне да купува играчи, по едно и пол годишна пауза и веднаш понуди рекордни за клубот 60 милиони евра за ангажман на Џовани Ло Селсо.

Аргентинскиот играч од средниот ред на Бетис има откупна клаузула од 100 милиони евра, а останува да се види дали клубот од Севилја ќе ја прифати понудата на Тотенхем.

Финалистот во Лигата на шампионите нема купено фудбалеро до јануари 2018 година, а рекорд им се 45 милиони евра што ги платија за Дејвисон Санчес во август 2017 година.

Интересно е што Бетис одигра многу мудро во случајот со Ло Селсо, кој дојде на „Бенито Вилјамарин“ како позајмен играч од ПСЖ, а тимот од Севилја по одличните настапи на 23-годишниот фудбалер ја искористи клаузулата и го откупи договорот на Ло Селсо за 22 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести