Тотенхем ја активираше клаузулата на Алдервејрелд, но…

Тотенхем ја активираше клаузулата на Тоби Алдервејрелд, дефанзивецот ќе остане во редовите на „петлите“ до 2020 година. Неговиот важечки договор истекуваше по крајот на оваа сезона, а при потпишувањето на тој договор, клубот стави ваква клаузула за секој случај.

Сепак, не е толку едноставно, бидејќи на таа клаузула има уште една. Доколку Тотенхем се одлучи да ја активира (што и го направи тоа), Алдервејрелд може да биде продаден за 25 милиони фунти во текот на летото ако стигне понуда за него. Но, и тука има замка. Доколку има наддавање за него, последната понуда мора да биде испратена 14 дена пред завршувањето на преодниот рок, со цел Тотенхем да може да купи адекватна замена.

Познато е дека за услугите на Алдервејрелд се интересираат неколку гиганти, додека Манчестер јунајтед силно притиска за неговиот потпис. Оваа клаузула ќе им овозможи на „црвените ѓаволи“ да го доведат за разумна цена, бидејќи претходно Тотенхем одбиваше да го продаде дури за три пати повеќе од 25 милиони фунти.

Белгискиот дефанзивец е клучна алка во тимот на Маурисио Покетино. Сезонава настапи на 24 средби во сите натпреварувања, а дури 17 од нив се во Премиер лигата. Алдервејрелд во Тотенхем пристигна во 2015 година од редовите на Атлетико Мадрид за сума од 11,5 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести