Тотенхем ќе дава голови, а „тесно“ ќе биде во Милано

1009 Тотенхем – Ипсвич (15.00 часот)
Фудбалерите на Тотенхем само 72 часа по поразот од Галатасарај во Лига Европа ќе играат против Испвич на домашен терен во Премиер лигата, но се големи фаворити и се очекува да триумфираат со неколку гола во противничката мрежа.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.08)

1007 Манчестер јунајтед – Лестер (15.00 часот)
По заминувањето на Ерик тен Хаг, фудбалерите на Манчестер јунајтед малку живнаа. Ова е последниот натпревар за Руд ван Нистелрој како привремен менаџер, кој успеа да го опорави тимот и да го издигне на повисоко ниво. Се врати расположението, па Ѓаволите победија против ПАОК во Лига Европа. се очекува триумф и на денешниот меч со Лестер, а предлогот е дека на мечот ќе има и два до пет гола.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.82)

1105 Челзи – Арсенал (17.30 часот)
Лондонската пресметка меѓу Челзи и Арсенал денеска е во фокусот во Премиер лигата, а очекувањата се дека ќе има голови на овој дуел, иако Топчиите во последниот период и не се така ефикасни, посебно на гости. Предвидувањата се дека и во двете полувремиња ќе бидат постигнати од еден од три гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.95)

3612 Интер – Наполи (20.45 часот)
Шампионот Интер го пречекува лидерот Наполи во најинтересниот дуел од ова коло во Серија А. Нераѕурите најавуваат победа, но јасно е дека Антонио Конте ќе сака да ја „умртви“ играта на ривалот. Нашиот предлог е дека Интер нема да загуби дома и дека на овој меч ќе бидат постигнати најмногу до три гола.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.71)

1360 Реал Сосиедад – Барселона (21.00 часот)
Сите се прашуваат до кога ќе трае победничката серија на Барселона, а вечерва следи сериозно искушение во Сан Себастијан. Тимот на Ханси Флик игра одлично, но Реал Сосиедад може да биде опасен ривал за каталонскиот состав. Нашиот предлог е дека и во двете полувремиња ќе бидат постигнати од еден од три гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.83)

- Оглас -

Најнови вести