Тотенхем прекина 12-годишна доминација на Барселона

Барселона против Тотенхем играше без поголем притисок, нивното учество во нокаут-фазата го обезбедија по четири средби. Освојувањето на првото место во групата Б му дозволи на Ернесто Валверде да одмори неколку клучни играчи, а со комбиниран и подмладен состав да настапи против „петлите“.

На Тотенхем му беше потребен бод за да обезбеди пласман во осминафиналето, па притисокот за израмнувачки гол пристигна во 85-тата минута, а со тоа избраниците на Маурисио Покетино прекинаа една доминација на Каталонците која до вчера траеше 12 години.

Имено, Барселона за првпат по 2006 година имаше помал посед на топката на еден меч од европски рамки. Домаќините завршија со 48,8 отсто посед, додека Тотенхем имаше 51,2. Вердер Бремен е последниот тим кому му успеа да забележи ваков учинок против шпанскиот првак.

Се играше последниот меч од групната фаза во сезоната 2006/07 (петти декември), Барса го совлада Вердер со 2-0 на „Камп ноу“, но германскиот состав оствари 57,1 отсто посед на топката, додека Каталонците имаа 42,9.

 

- Оглас -

Најнови вести