Тоти и Рома се разделуваат?

Легендата на Рома, Франческо Тоти, може да остане без работа. Според италијанските медиуми, миленикот на „римската волчица“ ќе добие отказ на функцијата директор во клубот. На негово место треба да дојде Луис Кампос, кој сега работи во Лил.

Тоти е во Рома речиси цел живот. Како играч, прво ја помина младинската школа на тимот, а потоа повеќе од две децении беше предводник на „Олимпико“. Откако ја заврши играчката кариера, продолжи да работи во клубот, но сега му се заканува отказ.

Сепак, може да се случи Тоти да добие друга функција во клубот и да остане дел од Рома.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести