Тоти: За Салах би платил и 200 милиони евра

Франческо Тоти, иконата на Рома, во интервју за египетска телевизија го величеше Мохамед Салах, со кого ја делеше соблекувалната во периодот од 2015 до 2017 година, кога Франческо се пензионира.

Според него, Салах моментално е најдобар фудбалер на светот, кога би бил сопственик на некој клуб, би платил и 200 милиони евра за популарниот Фараон на Ливерпул.

„Покрај тоа што Салах е феноменален играч, тој е многу скромен и добронамерен човек, имаме одлична пријателска врска. Заслужува да биде на врвот заедно со Меси и Роналдо. Знаед дека по трансферот во Ливерпул ќе биде уште посилен, бидејќи во Рома одигра две фантастични сезони. Да сум сопственик на клуб, би платил и 200 милиони евра само да го имам Мо во екипата“, вели Тоти.

Преселбата во редовите на Црвените за само 42 милиони евра, беше полн погодок за Египќанецот. Салах растура во дресот на Ливерпул, ги освои сите можни титули на клупско ниво, доби многу индивидуални награди, при тоа постави многу рекорди во Премиер лигата и се истакна како еден од најдобрите голгетери на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести