Трабзон договори стаклен играч од Евертон пред мечот во кој Барди е стартер, Адеми и Ристовски од првата минута против Бодо

Трабзонспор ја договори позајмицата на играчот за врска од Евертон, Жан-Филип Гбамен, токму пред мечот против Копенхаген, во кој Енис Барди заслужено е стартер по неговите два погодоци во турското првенство изминатиов викенд.

Барди од првата минута ќе се обиде да му помогне на Трабзон да се пласира во групната фаза од ЛШ, а за тоа ќе треба да го надополни резултатот од 2-1 во корист на гостите од Данска.

Инаку што се однесува до Гбамен, тој е деструктивен играч за врска, но од мај 2019 година па наваму пропушти дури 86 меча за Карамелите во изминатите две сезони, односно 600 дена беше надвор од терените поради тешки повреди. Турскиот првак му дава шанса да ја оживее кариерата, барем до крајот на тековната сезона.

https://twitter.com/Trabzonspor/status/1562499991721365510

Од македонските репрезентативци, и Аријан Адеми како капитен на Динамо, заедно со Стефан Ристовски, репрезентативниот капитен, стартуваат во дуелот против Бодо/Глимт, во кој Модрите бркаат негатива од 1-0.

- Оглас -

Најнови вести