Трабзон изненади со ангажманот на словачкиот гладијатор (видео)

Трабзонспор со интересен видеоспот го претстави новото засилување Марек Хамшик. Легендата на Наполи и Словачка потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш како слободен играч откако му заврши тримесечниот договор со Гетеборг.

Тимот кој во следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на конференции, доведе доста искусен играч кој зад себе остави повеќе од 500 настапи за Наполи, а воедно играше и во Кина за Далијан.

- Оглас -

Најнови вести